Голем пожар во станбена зграда во Штип - двајца во болница

Две лица се повредени во голем пожар попладнево околу 16:10 часот ја зафатил станбената зградба  на улицата Ванчо Китанов во Штип. Како што дознава Press24 пожарот избил во подрумските простории и почнал да се шири. На терен веднаш излегле екипи на противпожарната единица и успеале огнот да го стават под конторла. Според официјалните информации, едно машко лице побарало лекарскапомош поради изгореници, а една жена се пожалила на проблеми до дишењето.
Полицијата го потврди случајот. Од таму велат дека ќе се изврши увид по што ќе се знае кои се причините за избивањето на огнената стихија

05.12.2013 - 17:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега