Директорите во САД примаат 273 пати поголема плата од просечните работници

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американската Влада има намера да преземе големи мерки за да се намалат разликите во примањата на американските граѓани кои во изминатите децении се нееднакво распоредени.

– По Втората светска војна просечен директор во САД имал повисока плата од просечен работник за 20 до 30 пати, а денес прима 273 пати повисока плата од просечен работник, наведе Обама.

Тој нагласи дека е потребно да се обнови идејата за „американскиот сон“ за да им се дадат на сите луѓе во САД исти шанси и можности да успеат и да заработат за живот на достоен човек. На крај рече дека лично ќе се посвети во борбата против нееднаквоста во примањата на американските граѓани.

05.12.2013 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега