До ноември извозот на Македонија 3,475 милијарди долари
Државниот завод за статистика денеска објави дека Република Македонија, во првите 10 месеци од годинава извезла стоки во вредност од 3,475 милијарди американски долари, а увезла стоки за 5,387 милијарди долари. Податоците покажуваат дека најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.
Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и рудите на никел и нивните концентрати.
Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Велика Британија и Италија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа