Вељаноски и Орбан задоволни од соработката на Македонија и Унгарија

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во посета на Македонија.

Спикерот Вељаноски изразил задоволство од одличните односи на парламентарно ниво меѓу Македонија и Унгарија, како и од интензитетот на средби меѓу претстедателите на парламентите, пратеничките групу за соработка и комисиите.

На средбата, Вељаноски изразил задоволство од одличните односи на парламентарно ниво меѓу двете држави, како и од интензитетот на средби меѓу претседателите на парламентите, пратеничките групи за соработка и комисиите.

Спореде информациите од неговиот Кабинет, Вељаноски изразил благодараност што Унгарија го користи уставното име на Македонија во билатералната комуникација, истакнувајќи го тоа како особено значајно за државата. Тој го запознал унгарскиот премиер со актуелната политичка состојба во државата, реформите и постигнувањата на патот кон евроинтегрирањето, позитивните извештаи од Европската комисија и препораките.

Спикерот Вељаноски истакнал дека Македонија ја цени принципиелната политика на Унгарија во поглед на поддршката за интегрирање на целиот Балкан во Европската унија, како и поддршката кон земјите кои ги исполниле критериумите за членство во НАТО.

Унгарскиот премиер изразил задоволство од добро развиените пријателски односи меѓу двете држави и посочил дека фактот што сите релевантни светски институции ги оценуваат изборите во Македонија како слободни и фер, му даваат клучно место на Парламентот во државата. Изразувајќи задоволство од развојот на економските односи, Орбан истакнал дека се запознаени со актуелните економски параметри на Македонија кои укажуваат на економската стабилност на државата.

Во однос на интегрирањето на Република Македонија во европското семејство, Орбан посочил дека ставот на Унгарија по ова прашање е јасен и оти Европската унија има потреба Македонија да стане нејзин член. Рекол дека ЕУ има одредени проблеми и оти заради справување со нив е потребно да го промени концептот, а на Балканот е потребно да се гледа не како на проблем, туку како на можност. Тој истакнал дека Унгарија е запознаена со македонско-грчкиот спор и оти не е правилно тој да биде услов. Според Орбан, ова прашање не треба да биде проблем кој ќе го спречува интегрирањето во Европската унија, додавајки дека токму тој бил првиот што го изнел овој став во Европската унија и оти добил поддршка од повеќе истомисленици.

Во однос на интегрирањето на Македонија во НАТО, Орбан истакнал дека Унгарија посакува да биде на масата на која Република Македонија ќе го потпише членството во НАТО и оти секој чекор што се прави во насока на интегрирање во Алијансата е правилен.

 

05.12.2013 - 15:14
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега