Годинава зголемен бројот на претстави и концерти

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри во сезоната 2012/2013 година е зголемен за 2,1 процент. Од друга страна, бројот на посетители е намален за 10 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Ппросечниот број на посетители на една претстава изнесува 215, во театрите за деца и млади бројот на претстави е зголемен за 13,5 проценти, а бројот на посетители за 45,9 проценти, додека во аматерските театри, бројот на претстави е намален за 3,4 проценти, а за 14,3 проценти е зголемен вкупниот број на посетители.

 

05.12.2013 - 15:20
Фото: 
Џунгла.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега