„Ја давев додека не престана да дише" - прозборе младоженецот кој уби старица за пари

Полицијата во Белград вчера го уапси 25- годишниот Радован М  кој е осмничен дека брутално ја убил 78- годишната старица Драгица.Р. потоа ја ограбил, а со парите си направил свадба. Како што денеска пренесува српскиот Курир, младоженецот признал дека го извршил грозоморното дело. 

- Прознавам ја убив старицата. Се каам, се би дал да го вратам времето назад, би го заменил својот живот за нејзиниот. Вака младоженецот се бранел денеска во судницата.

Радован објаснил дека и затропал на старицата која ја познавал цела година на врата, и побарал 100 евра на заем, а откако таа одбила да му ги даде, почнал да ја дави со десната рака, се додека не се онесвестила и не паднала на подот. Тој објаснува и дека со жртвата се запознал бидејќи имале исти кучиња кои често заедно ги шетале во населбата.

Како што пренесува српскиот Курир, убиецот во судницата постојано повторувал Каде ми е жената?! Ќе се убијам ако го изгуби бебето, ќе најдам начин верувајте....

 

 

05.12.2013 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега