НСА ги следи речиси сите мобилни во светот?

Американската Агенција за национална безбедност НСА може да ги следи речиси сите мобилни телефони во светот. Според пишувањата на „Вашингтон пост“, според информации од Едвард Сноуден, НСА може да го следи движењето на било кој мобилен телефон било каде во светот и да изработи мапи на односите меѓу корисниците врз основа на тоа каде се движат нивните телефони.

Повеќето корисници на мобилни телефони не се интересни за НСА, но оваа агенција собира голема количина на податоци за нивните локации.

Весникот наведува дека извештајот се заснова на податоците кои им ги доставил Сноуден.

05.12.2013 - 11:21
Фото: 
Вечер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега