Приведен кумановец поради кражба на повеќе локации

Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:00 часот го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово.

Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово. 

Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

24.11.2022 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега