Си ја ампутирала ногата за да може да носи високи потпетици

Поради деформитет на своите стапала, 20-годишната Американка Мараја Серано се одлучила на потег кој за многумина е незамислив и си ја ампутирала ногата за да може да носи високи потпетици.

- Кога ми рекоа дека никогаш нема да можам да облечам високи потпетици и дека ќе треба да се откажам од мојот сон да бидам позната манекенка, бев очајна и паднав во депресија. Специјалистот кој ме прегледа ми предложи опција да ми биде ампутирана ногата. Мојата мајка беше ужасната, но јас прифатив, вели Мараја.

Девојката додава дека нејзините соученици постојано ја исмејувале поради деформитетот кој го имала, па затоа таа се решила да си ја ампутира ногата.

- Бев ужасно љубоморна на своите пријателки кои носеа штикли и изгледаа одлично во нив. Морав да превземам нешто. Така, се одлучив да ми ја ампутираат левата нога, а сега можам да носам што сакам и се бавам со дизајнирање облека и обувки, додава девојката.

05.12.2013 - 09:32
Фото: 
кафепауза.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега