Жените од Саудиска Арабија бараат да возат автомобили

Саудиски активистки вчера започнаа кампања со која бараат и жените во Саудиска Арабија да можат да возат автомобили. Тие преку социјалните мрежи упатиле повик што е можно повеќе жени да се приклучат кон нивната кампања и да се изборат да имаат право да бидат возачи.

- Преку социјалните мрежи упативме повик до жените во целата земја на 28 декември да влезат во своите автомобили и да возат, изјави Насима ал Саада, една од активистките. Таа додава дека станува збор за кампања која трае од поодамна, а сега само се обновува и засилува.

Инаку, за време на првата ваква акција во Саудиска Арабија, беа уапсени 16 жени кои бараа право да управуваат со автомобили.

05.12.2013 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега