Обединетата македонска дијаспора се шири и во Њу Џерси
Со именувањето на Ана Дукоска за прв регионален претставник за Њу Џерси, Обединетата македонска дијаспора се проширува во уште еден регион во САД.
Њу Џерси е американска сојузна држава во која има една од најголемите концентрации на Македонци – околу 40.000 според проценките на ОМД.
- Особено ми е драго што ќе бидам дел од тимот на ОМД и ќе работам за промовирање и заштита на нашиот национален идентитет, обичаите и културата, изјави Дукоска.
Ана Дукоска е основач на културното друштво за македонски народни танци Александрија, кое работи во рамките на црквата Свети Никола во градот Тотова во Њу Џерси. Дукоска е и помошник секретар на одборот на оваа црква, која служи како дом на една од најголемите македонски заедници во САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа