Проверете дали утре во вашата населба ќе нема струја

Неколку скопски населби утре ќе бидат без електрична енергија.

Жителите од скопското село Бразда, објектот на Конзерва Експорт, сепарација Сабри во село Морани, корисниците и викендиците од село Морани и дел од село Студеничани утре од 9 до 15 часот ќе бидат без струја, додека во периодот од 9.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Буковиќ, а од 10 до 15 часот корисниците од улицата „Козле“ бр.38 во општина Карпош. 

Од 11.30 до 13.30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Горна Арнакија, а од 12 до 14 часот пумпите за водовод во индустриската зона Бунарџик.

04.12.2013 - 16:19
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега