Студентка никогаш не почуствувала замор, причина за тоа бил туморот

Студентакта Кристина Спирс која има 22 години се трудела цел живот да живее здраво. Вежбала по шест пати на ден, работела како тренер по јога и пиела многу вода за да не и дехидрира телото. Кога престанала да чуствува замор и почнала почесто во текот на ноќта да оди во тоалет тоа не ја загрижило.

„Бев полна со енергија“, вели таа. „Не спиев, секогаш бев во движење, никогаш не чувствував замор“, објаснува девојката.
По извесно време дознала дека причина за губењето на потребата за сон е тумор на надбубрежната жлезда од 10 сантиметри поради кој хормоните и работеле и во текот на ноќта.

Откако било утврдено дека нејзиниот тумор произведува два хормона – кортизол и алдостерон, доктор Вилијам Инабнет, еден од директорите на болницата „Маунт Синај“ од Њујорк, се исплашил дека канцерот може да биде проблематичен и и закажал операција за 29 октомври 2012 година.
Кога ураганот „Сенди“ во октомври 2012 го погоди подрачјето на Карибите и САД, во болницата каде што била сместена Кристина настанал хаос.

И покрај хаосот во болницата Кристина била  оперирана  и го отсраниел туморот од втор степен. Според зборовите на лекарите, операцијата била незгодна затоа што туморот се прилепил и за црниот дроб.

Карциномот на кората на надбубрежната жлезда погодува еден од неколку стотици илјади луѓе.

„Не ми беше страв што снемува струја“, вели Спирс, присетувајќи се на закрепнувањето по бурата, важно и било што е жива.

Кристина една година по операцијата вели дека се чуствува добро секојдевно зема терапија за да не и се врати ракот повторно.

04.12.2013 - 15:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега