Наместо цртан на дечиња во кино им пуштиле порно-филм

 

Голем број родители заедно со своите дечиња отишле во кино во градот Пинелас Парк на Флорида за да го погледнат цртаниот филм „Снежана“, но не ни можеле да претпостават што ќе им се случи. Наместо цртан,  на децата им бил пуштен порно филм, по што родителите се обиделе да им ги покријат очите на своите дечиња, а потоа и изреволтирани избегале од кино салата.

- Тоа траеше цела вечност, посебно кога се обидувате да му ги затворите очите на едно мало момче. немав доволно раце да му ги затворам и ушите, така што имаше вистинско звучно доживување на филмот - вели мајка за американскиот информативен канал FOX 13.

Иако управата се извинила, дел од родителите поднеле тужба.

04.12.2013 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега