Интерпол ќе трага по заљубената Маја од Охрид

За малолетната Маја Блажевска која исчезна од охридското село Лешани, ќе биде распишана меѓународна потерница. како што пренесува Плусинфо, Интерпол ќе трага по 14-годишното девојче кое го напушти својот дом пред еден месец и од тогаш за неа нема ниту трага ниту глас.

првичните сомнежи на семејството се дека таа запознала момче преку социјалната мрежа Фејсбук, и со него избегала од дома.

- Уште се работи на расчистување на случајот. Нема елементи за поведување кривична пријава ниту за прикривање малолетник, ниту за заведување. Нашата истрага е во тек и уште нема други информации кои се за споделување со јавноста, во интерес на истрагата. Тоа што има меѓународна потерница е дополнителен доказ за посветеноста и сериозноста во пристапот во конкретниот случај - вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за Плусинфо.

Таткото на девојчето моли за помош и додава дека а сега за неговата ќерка се дадени информации колку е тешка, висока, каква боја на коса и очи има....

- Си ја бараме назад нашата Маја, не е важно ако го погрешила патот, таа е наше дете и сакаме да биде со нас - вели таткото на Блажеска, пренесува Плсуинфо.

04.12.2013 - 15:02
Фото: 
локално

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега