Двајца браќа останаа без покрив над глава - детали за пожарот во Велес

Голем пожар синоќа предизвика паника во Велес и остави двајца браќа без покрив над главата. Според информациите на Утрински, пожарот избувнал синоќа во куќа лоцирана на улицата Кукушка бр. 42. во месноста Дворови. Пожарот ја изгорел куќата до темел, причинета е голема материјална штета, а двајца браќа Калинови кои што во куќата живееле со своите семејства исвојата мајка, останале без покрив над главата.

- „Пламените јазици се појавија од прозорот на една од собите на горниот кат. Огнот бргу го зафати кровот, а потоа и цела куќа. Се се случуваше мошне брзо. Прозорите почнаа да се кршат, керамидите пукаа, беше страшно... Пожарот за час ја фати цела куќа. Во близина има бандера со струја, која почна да искри. Се уплашивме“, раскажува очевидец на пожарот за Утрински.

Од густиот чад кој излегувал од куќата две жени имале проблеми со дишењето и веданш биле пренесени во болница.

Друг очевидец раскажува дека пожарникарите дале се од себе да се справат со пламените јазици кои беснееле и дека сликата била навистина страшна. Се преплашил од пукањето кое се јавило од високата температура. Не знаел што може да биде, кога излегол надвор ја забележал во пламен куќата на соседите. Во огнот изгореле и 60 гулаби во сопственост на соседот.

Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев кој беше на местото на настанот, најави дека локалната власт на првата наредна седница ќе донесат итна одлука да се додели парична помош на семејството. 

04.12.2013 - 14:30
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега