Кире Лазаров со осум погодоци до победа против Пуерто Сагунто

Ракометниот шампион Барселона забележа лесен триумф 13 по ред во домашното првенство против тимот на Пуерто Сагунто. Каталонскиот тим настапи без повредениот Раул Ентрериос, но сепак до високата победа стигнаа благодарениа на уиграните Рутенка, Гурбиндо и Сорондо. Шариќ имаше фантастичен меч со серија на добри одбрани. 

Нашиот ракометар Кире Лазаров со осум погодоци го дотолчи преслабиот противник, за конечен триумф од 43:20. 

04.12.2013 - 11:56
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега