Мицкоски: 365 дена импозантна статистика и резултати

 

За период од една година градоначалниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ даваа отчет за сработеното во текот на вчерашниот и денешниот ден. Од партијата, во соопштение испратено доцна вечерва до медиумите, велат дека имале „исклучително квалитетна година“.

„365 дена импозантна статистика, импозантни резултати, повеќе од 125 милиони евра инвестирани или во фаза на инвестиции се капиталните проекти кои се реализирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и можам да кажам и да се заблагодарам за сето она кое што го направија и да потсетам дека тука не завршува се, ние мораме да покажеме и да работиме двојно повеќе во периодот кој следи дека не се сите исти“, потенцираше лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на заклучоците од политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина“.

- Не се помируваме со малодушност, ние сме амбициозни мотивирани мора да  го оправдаме брендот проекти ВМРО-ДПМНЕ и да им покажеме  на граѓаните дека можело поинаку и дека можело секако да биде поразлични.

- Вреди да се напомене Тетово, тука го гледам директорот на ЈП Градски паркинг во Тетово кој компанијата ја наследи со стотици илјади евра долгови, неисплатени плати, за да луѓето кои се вработени таму сега велат дека не само што се исплатени и долговите и платите туку и се размислува за развој. Квалитетно однесување, иако таму немаме градоначалник, ни сме дел од локалната самоуправа и ги охрабрувам да продолжат. Во Куманово имаме директор на ЈП Куманово гас и покрај сите предизвици со кои се соочуваме и ова јавно претпријатие бележи исклучителни резултати, нагласи Мицкоски.

06.11.2022 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега