Велешанка истури кофа со измет пред судот во Велес - еве ги деталите
Марија П. која и е позната на јавноста како жената која пред извесен период се обиде да го запали судот во Велес,вчера истури цела кофа со човечки и измет во ходникот. Според информациите до кои дојде Вечер, велешанката кофата полна со човечки измет ја донела од својот дом, и иако обезбедувањето на Судот ја познавало, таа нашла начин како да помине и фекалиите ги истурила во ходникот на самиот влез и пред влезот, а потоа се обидела ходникот да го испрска и со солна киселина, но била спречена од полицијата.
-Како што дознаваме, причината поради која Папазова тргнала со фекалиите по судот е едногодишната затворска казна што и беше изречена откако во јули годинава се обиде да го запали судот. Таа успеа да истури цело шише полно со бензин во судот и по влезната врата, а во моментот кога посегнала во џебот по запалката ја фатиле судските полицајци. Веднаш по приведувањето, во експресен судски процес ја доби казната, а до правосилноста и беше одреден куќен притвор. Деновиве пресудата ја потврдила и Апелација што најверојатно бил поводот кој велешанката го чекала за да се одмазди, објави весникот.
Според неофицијални информации, судот ќе бараат психијатриско вештачење за велешанката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа