ВИДЕО: На шестгодишно девојче и вбризгале ХИВ за да ја спасат од рак

Со оглед на тоа што малата Еми по втор пат се соочува со тешката болест, за која гарантирале дека е излечена после првиот круг на хемотерапија и зрачење, на девојчето не  и останувал друг избор освен да и вбризгнат ХИВ за да ја излечат. Процердурата на кое подлегнало ова девојче не е  едноставна бидејќи досега вакво еншто се нема случени.

Според тврдењата на докторите, клетките на рак кои се вратиле, не можеле на друг начин да бидат уништени. Докторите биле беспомошни, а родителите на Ема сакале да се случи чудо. Тогаш чудото навистина се случило. Докторите дошле на идеја да ја заразат Ема со ХИВ, бидејќи немаат што да изгубат, и можат да се обидат да ги убијат клетките на ракот со силните клетки на ХИВ вирусот.

„И’ вбризгавме ХИВ клетки и чекавме илјадници и илјадници клетки на рак во измаченото тело на Ема да бидат ’изедени’“ – рекол лекарот на Еми, доктор Џун.

Ова е многу необична процедура, бидејќи ништо вакво досега се нема случено, и иако постоеја истражувања на оваа тема, сличен случај не е запаметен во пракса.

„Моравме на родителите и семејството да им објасниме дека нашата идеја можеби нема да успее, дека тоа е само претпоставка која би можела да функционира и тоа е единствената преостаната идеја, опција за лечење на Ема. Родителите се согласија, па почнавме со третман“ – објаснува водачот на стручниот тим кој се грижи за Еми.

Откако и е ставен вирусот малата Еми не се чуствувата добро. 

„Еми дишеше тешко, нејзиниот пулс беше многу забавен, и првите прогнози беа поразителни. Единственото нешто што не’ тешеше беше фактот дека сме свесни дека напатеното дете не може да се чувствува полошо од ова“ – додава еден од лекарите.

Кога сите помислиле дека Еми нема да преживее, се случило виситнско чудо. Организмот одеднаш почнал да се бори со клетките на рак. За само неколку часа од кога започнала бората, Еми се вратила, станала свесна и треската која ја мачела со денови се повлекла.

Еми денес живее многу поздрав живот, бидејќи ХИВ вирусот го контролираат со адекватни третмани и терапија, па на девојчето му предвидуваат уште многу среќни години, и сметаат дека колку и да треба сега да се бори со сидата, секако ќе живее подолго отколку кога би живеела со леукемија, која секако би ја убила за неколку дена да не го пробаа овој метод на лечење.

 

 

04.12.2013 - 10:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега