Кога го шетате кучето на улица мора да биде врзано - во спротивно "ќе летаат" казни

Секој сопственик на куче на влезната врата треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно, а исто така и кога го води својот миленик на прошетка, тој мора да биде врзан и да носи и корпа преку устата. Како што пренесува Дневник, Агенцијата за храна и ветерина подготви измени и дополнувања на Законот за благосостојбата на животните, со кој, меѓу другото, се уредуваат обврските на сопствениците на домашни миленици.

Според податоците на Дневник, од почетокот на годината до сега  на Инфективната клиника во Скопје се јавиле 871 граѓанин каснати од куче, а од нив 113 биле каснати од непознато куче, односно од бездомници, а 758 биле  каснати од кучиња што имале сопственици.

Доколку не се почитуваат новите измени следува глоба од 30 евра. Ако го напушти миленикот, ако ја поттикнува агресивноста и врши хируршки интервенции, казната изнесува 150 евра. Оној што нема да го пријави кучето на ветеринар ќе биде казнет со 30 евра, а толкава е казната и ако на влезот нема табла „пази куче“. Со 3.000 евра ќе се казни физичко лице ако предизвикува болки, патење или повреди на животните. Овие законски одредби и казни ќе ги спроведуваат и државните и општинките комунални инспектори.

04.12.2013 - 10:25
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега