Знамето од Кутлеш повторно пред пратениците

Пратениците и денеска ќе бидат со полни раце работа во рамки на продолжението на 77 седница.

На дневен ред се предложените измени и дополнувања на законите за радиодифузна дејност и за извршување санкции, предлог законите за изменување и дополнување на Царинскиот закон, на законите за вршење услуги брз трансфер на пари, за хартии од вредност, за инвестициски фондови, за преземање акционерски друштва, за супервизија на осигурување, за вршење сметководствени работи, за јавна внатрешна финансиска контрола, за ревизија, за државната ревизија, за даночна постапка, во прво читање. Првата фаза пред пратениците на 77. седница треба да ја поминат и предлог - законите за финансиска дисциплина и за консолидација на земјоделско земјиште, како и предлог - законите за изменување и дополнување на законите за девизно работење, за безбедност на храна, за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, за ловството, за животната средина, во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за предлог - законите за изменување и дополнување на законите за спортот, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Кривичниот законик, на законите за извршување, за јавните патишта, за превоз во патниот сообраќај, за државниот инспекторат за локална самоуправа, за рамномерен регионален развој, за културата, за употребата на македонскиот јазик, како и за за основање факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ - Битола, како и предложените законски измени и дополнувања на законите за здравствено осигурување, за работните односи, за внатрешни работи, за угостителска дејност, за трговските друштва, за дополнување на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија  во прво читање, се исто така дел од дневниот ред.

Предлог законите за амнестија и за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, во прво читање, поднесени од пратеникот Ивон Величковски, денеска исто така ќе се најдат пред пратениците.

04.12.2013 - 09:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега