Иванов ќе се обрати на состанок во Виена

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во рамки на посетата на Виена ќе учествува и ќе има обраќање на Третиот годишен состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка, на кој ќче се разговара за одржливата енергија и за позиционирањето на Евроазија на глобалната сцена.

По завршувањето на официјалниот дел, на претседателот на Европска комисија Жозе Мануел Баросо ќе му биде доделена наградата на ЦГДС за зајакнување на разбирањето меѓу различните народи.

Синоќа, Иванов сретна и со претставниците на македонската заедница во Австрија.

04.12.2013 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега