Се разбудивме на минус девет - денеска сончево ама многу ладно

 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. 

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до седум степени.

 

04.12.2013 - 08:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега