Колку мастурбираат мажите, а колку жените?!
Сексуалното истражување на американски Метро, оваа година дојде до најинтересните одговори во својата истприја, бидејќи како што велат, ги поставиле највалканите прашања.
Истражувањето покажа дека 40% од жените навистина се возбудуваат на два-три дена, додека 17% од нив се возбудуваат секој ден. Кај мажите ситуацијата е очекувано различна, 54% од нив се возбудуваат секој ден неколку пати, пишува Сител
Секоја недела секс имаат 47% од жените и 49% од мажите, а 11% од жените и 8% од мажите признале дека немале секс со години. Истражувањето открива дека мастурбацијата е се уште меѓу најомилените облици на забава. 18% од мажите велат дека додека го прават тоа мислат на својата партнерка, 11% мислат на различни жени, 11% на поранешната љубов, а 10% мислат на порноглумици.
Секој ден мастурбираат 20% од мажите и само 5% од жените. Понежниот пол се одлучува за мастурбација еднаш неделно, а 17 отсто од девојките изјавиле дека не се самозадоволувале со години.
Истражувањето ги опфатило и навиките во изневерувањето. На прашањето: „Доколку сте оженет и имате прилика да ја изневерите жената, а сигурни сте дека тоа нема да го дознае, дали ќе ја изневерите?”, дури 57% од мажите одговориле со Не, 33% би ја прифатиле понудата. Околу 70% од жените изјавиле дека никогаш не би изневериле, а 18% одговориле дека би го направиле тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа