Време: Будење на девет степени под нулата

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутрина ќе биде постудено.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови, односно утре и задутре ќе преовладува слично време. Преку денот сончево и без поголеми промени на температурата.

Промена на времето се очекува в петок кон крајот на денот кога од север ќе се спушта многу студен и релативно влажен воздух од север кој ќе придонесе за засилување на ветерот и нагло опаѓање на температурата, а ќе има и краткотрајни локални врнежи претежно од снег. 

04.12.2013 - 00:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега