Поскапеа цигарите - ова се новите цени

Цигарите на дел од продажниот асортиман на "Империал Тобако ТКС" АД-Скопје се зголемени за 5 денари. Од први ноември нови цени на цигарите има и Тутунски комбинат-Прилеп и овие поскапувања доаѓаат како резултат на измените во Законот за акцизи кои стапија на сила од 13 јули годинава. Акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години, пишува Вечер

Лоша вест за пушачите, посебно за оние кои пушат "57" и "класик". Од први декември малопродажната цена на цигарите на дел од продажниот асортиман на "Империал Тобако ТКС" АД-Скопје се зголемени за 5 денари и тоа кај шесте брендови на цигари "57" и "класик", додека намалување од 10 денари има кај цигарите "паркер амп; симпсон блу" и "паркер амп; симпсон силвер". Во април годинава скопскиот тутунски комбинат за три денари ги поскапе цигарите од брендот "родео", додека оние од брендот "бос" останаа со истата цена.

Од први минатиот месец и Тутунскиот комбинат - Прилеп ги зголеми цените на своите цигари. Најпродаваните цигари "бренд" во тврдо пакување веќе се продаваат за 5 денари поскапо, односно за 50 денари за кутија. Поскапи се и цигарите 19" кои во продавниците се продаваат за 40 денари за кутија. Претходно поскапеа и другите брендови на Тутунски од Прилеп. Повисоки цени имаат "бренд" во меко пакување, "ориентал" и "рондо".

Поскапувањата доаѓаат како резултат на измените во Законот за акцизи кои стапија на сила од 13 јули годинава. Според новите законски измени, акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години. Во првите три години поскапувањето ќе изнесува за 0,15 денари по парче цигара годишно, додека од 2016 до 2023 година цигарите ќе поскапуваат секоја година по 0,20 денари за парче. Во наведениот период акцизата на тутунот за пушење, како фино сецкан тутун, годишно ќе се зголемува по 50 денари за килограм.

Зголемувањето на акцизите е со цел усогласување со европските директиви.

 

Империал Тобако ТКС АД-Скопје 

Намалување на малопродажната цена за 10 денари на брендовите:
Parker amp; Simpson  Blue
Parker amp; Simpson Silver

Зголемување на малопродажната цена за 5 денари на брендовите:
F57 Blue Box
F57 Gold Box
F57 Blue 100s
F57 Gold 100s
Classic Red Box
Classic Blue Box

03.12.2013 - 23:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега