Гласајте за Сајт на годината!

Домашната интернет-публика до 5 декември има можност да номинира над 500 македонски веб-адреси кои се натпреваруваат во изборот „Сајт на годината 2013“. 

Изборот за Сајт на годината се одржува по четврти пат, а победниците ќе бидат прогласени на 10. овој месец на манифестација што ќе се одржи во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. За „Сајт на годината 2013“ ќе биде прогласена најдобрата веб-страница во Македонија, а дел од изборот се и останатите категории: најдобар сајт според публика, дизајн, забавен, информативен, спортски, бизнис односно корпоративен, најиновативен, со најбрз раст, за е-трговија, мобилен, за владини т.е. државни институции и најдобар блог. Вклучувајќи ја и носечката, тоа се 13 засебни категории. Публиката може да распредели по три гласа во секоја категорија и тоа од по 10, шест и два поена.

Инаку, гласањето трае до 5 декември, а можете да гласате на веб странатаwww.sajtnagodinata.mk.

 

03.12.2013 - 13:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа