Тетовчани издавале лажни лични карти

Тетовската полиција поднесе кривични пријави против неколку лица. Се работи за А.Х.(34) добил кривична пријава за „фалсификување исправа“, за „употреба на исправа со невистинита содржина“, за „злоупотреба на лични податоци“ и за „измама“. А.Р.(34) со тоа што помагал сторил кривично дело, а Г.Б.(37) соработник за лични карти во Отсек за управни работи-Тетово, А.Т.(37) референт во истиот отсек, Н.Ќ.(31), референт за патни исправи, Џ.Љ.(23), референт за набавки добиле кривични пријави за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Лицата  ги искористиле личните податоци на А.Р. со негова согласност, со цел непознато лице да добие лични документи.  Тие ги примиле документите и биле подготвени лична карта и патна исправа со фотографија на непознатото лице, а со лични податоци на А.Р.

03.12.2013 - 13:09
Фото: 
пинг.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа