Полицаец од Битола бил и лихвар

39-годишниот битолчанец Р.М. си заработи кривична поради лихварство. Во периодот од 2007 заклучно со оваа година, пријавениот кој работел како полициски службеник во СВР Битола, одземал моторни возила за кои постоеле индиции дека се извршени промени на бројот на шасија, а по документирање на случаите не поднесувал кривични пријави се до настапување на застареност на делото.

Исто така, полицискиот службеник ја искористил тешката имотна состојба на свој сограѓанин на кој му дал 2.000 евра за кои на нотар потпишале договор за заем со таткото на пријавениот при што во 2010 година го активирале барањето за извршување на правосилна извршна исправа при што оштетениот требало да исплати 4.000 евра. Во септември 2012 година пријавениот го повикал оштетениот за да продадат тракторот кој истиот го имал земено како залог во 2010 година.

03.12.2013 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега