Осуден монструмот кој го поли со киселина директорот на Бољшој театарот

Руски балетан Павел Димитриченко е осуден за напад врз директорот на  Бољшој театарот, Сергеј Фалин. 

Инцидентот се случи во јануари оваа година, пред куќата во која живее Фалин. По нападот тој претрпе тешки повреди на лицето и очите. Врз него досега се извршени преку 20 хирушки интервенции во Русија и Германија, за да му се спаси видот, но засега тој многу слабо гледа. 

Во текот на судењето, балетанот се бранеше дека сакал да му се одмазди на уметничкиот директор Фалин, но дека не барал да му се фрли киселина во лицето.

Извршителот на нападот Зарупски призна дека идејата со солната киселина е негова, а другиот помагач Лапатов, кој го донел Зарупски до станот на жртвата, се бранеше дека не знаел оти претстои напад.

Обвинителот побара Дмитриченко да биде казнет со девет години затвор во еден работен логор, додека за извршителите на нападот побара казни затвор од десет, односно шест години.

Сеуште судот не ги одреди казните за овие напаѓачи. 

 

 

03.12.2013 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега