Лајчак: Грчко-македонскиот спор за името полесен од договорот Белград-Приштина

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак денеска во Брисел, каде престојува и макесонскиот министер за надворешни работи, Никола попоски, повика Македонија и Грција да се угледаат на договорот меѓу Србија и Косово кој било многу потешко да се постигне.

- Ние поддржуваме се што доаѓа од регионот, тука имаме внатрешен договор и да не заборавиме дека проширувањето е политички процес базиран на технички бенчмаркови, т.е. политичко-технички баланс. Да, постои брза и спора линија и во 2013 година, а Србија и Албанија одлучија од спора да преминат на брза линија, за што треба само политичка волја и ништо повеќе. Ментално префрлување. Но, други две земји, пак, се заглавени, а тоа се Македонија и Босна и Херцеговина. Тие треба да учат од храброста на српските политичари. Ако Белград и Приштина можеа да се договорат, тогаш босанскиот проблем со Сејдич-Финци и прашањето за името не е толку тешко и неможно да се реши,  истакна Лајчак.

Лајчак додава и дека нема плачење за тешкотиите на проширувањето и забуни од процесот. Партнерите на Балканот се се повеќе посветени и национализмот и етнофобијата е заменета со разбирање и поддршка на европските вредности и подготвеност за компромис.

Од своја страна, и европратеничката Дорис Пак, која неодамна беше во посета на Македонија, а е исто така дел од конференција “Западен Балкан: Брза и спора линија” во организација на невладините организации “Пријатели на Европа” и “Конрад Аденаур Штифтунг”, истакна дека се зависи од земјите-кандидати, кои ако работат добро, побрзо ќе пристапуваат.

- Некогаш ако е споро, зависи од проблемите со кои земјите од овој регион се соочуваат, а за што не се виновни, како што е случајот со Македонија. Се додека името е пречка, Македонија е заглавена во евроинтегративниот процес. И затоа треба да се повика Европскиот совет да најде начин како да излеземе од оваа ситуација, оти лани имаше добра препорака, но потоа Советот не ја испочитува и не одреди почеток на преговорите со решавање на името во рана фаза од пристапните преговори, посочи Дорис Пак.

Во рамки на првата фаза од конференцијата, говореа и претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, како и Оливје Базил од “Репортери без граници”. Мијатовиќ истакна дека ситуацијата со слободата на медиумите на Балканот не е розова, за што ги обвини политичарите кои според неа, ставаат рака врз медиумите. Мијатовиќ ги издвои и Србија и Албанија, каде се уште има убиства и физички напади на новинари, како земји кои според неа “се движат во позитивна насока” во однос на медиумската ситуација.

03.12.2013 - 12:29
Фото: 
дојчевеле

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега