Министерот Јанакиески се обрати на конференција во Брисел

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, учествува во годишната средба на министри за развојот на сеопфатна мрежа на Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа која се одржува во Брисел.

Јанакиески имаше свое обраќање пред присутните, на темата „Предизвици и можности за финансирање“, каде беа презентирани проектите кои се реализираат во Република Македонија во насока на подобрување на транспортната инфраструктура. Министерот ги истакна  капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Република Македонија.

- „ Во следниот плански период 2014-2020 имаме амбициозни цели - нашиот фокус ќе биде насочен на развивање на железничката мрежа во Република Македонија и подобрување на безбедноста во патниот и железнички сообраќај. Во оваа прилика, би сакал да испратам јасна порака до членовите на Европската комисија дека и во следниот плански период, треба да продолжиме на претходно поставениот курс што значи да продолжиме да инвестираме долж SEETO - сеопфатната мрежа.“

Во попладневните часови, министерот Јанакиески ќе оствари средба со заменик-претседателот на Европската Комисија, одговорен за транспортот, Сиим Калас  со кого е предвидено да се разговара за реализацијата на повеќе проекти кои се однесуваат на подобрување на транспортната инфраструктура.

03.12.2013 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега