Почина 19- годишното момче чиј Фесјбук статус го расплака целиот Балкан

Вчера згасна животот на 19- годишниот Неџад Беширевиќ чија трогателна приказна „ Јас сум оној малиот што има рак“ го расплаче целиот Балкан. 

- Синоќа во 23.45 нашиот борец се пресели во подобар свет каде нема инекции, терапии, болки и мака – беше објавено на Фејсбук групата „Помош за Неџад Беширевиќ“ од страна на неговите родители.

Неџад ова лето ја раскажа својата трогателна приказна на Фејсбук , како тој животто го поминува во кревет, за стравот и љубовта кон неговите најблиски и како тој се бори со болеста. Еве што беше напишано во писмото: 

„Јас сум тој, оној малиот што има рак, оној за кој се собираат пари да преживее…Да тоа сум јас. Јас сум касичка за доброволен прилог во вашите банки, жиро сметка, хуманитарен концерт и хуманитарен број…

Јас сум тој што детството го помина во болници, родендените ги славеше во болнички соби, светското првенство во фудбал го гледаше од болнички кревет ( ме прекинуваа медицински сетсри да ми измерат температура)… Јас сум тој кој животот го испи од моите најмили како што мојата болест го пие од мене.

Би сакал да не е така. Би сакал никогаш да не сте чуле за мене, да ме познаваат само семејството пријателите и соседите, или да сте чуле за мене но по нешто убаво. Да сум оној малиот кој го напуштил школото затоа што не му одело, а не затоа што е болен, да сум секој само не „оној кој има рак“.

Жал ми е што сум ви товар, што сите ве молат да ми помогнете, што јас ве молам да ми помогнете, но не ми е за мене. Мене ми е моите да не останат без мене, не можам тоа да им го направам. Видов како мои „пријатели по кревет“ заминуваа, каква тага остануваше по нив, мојата мајка тоа не би го поднела, како тоа да и го направам. Кој од вас тоа би го направил на својата мајка!

Затоа одлучив да успеам. Кога се ќе помине ќе завршам и факултет па да може и мојата мајка да се фали со мене „по кафиња“ а не само да зборува за рецепти кои лекуваат рак. Ќе имам свое семејство и деца и ќе им раскажувам…

Како татко им еднаш одамна бил болен, како се извлекол… Луѓето ми помогнаа. Сите беа тука за него и никогаш, баш никогаш тоа не им го заборавил…“

03.12.2013 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега