Принцезата Елизабет добила закана за киднапирање

Принцезата Елизабет, една од двете ќерки на белгискиот крал Филип, добила закана за киднапирање.

Анонимната закана до 12-годишната принцеза била упатена во писмена форма и содржела расистички и неонацистички изрази. Таа била испратена до еден од најтиражните локални весници и била сфатена многу сериозно, по што обезбедувањето на децата на кралската двојка било зајакнато.

Во писмото биле упатени остри критики до кралот, напишани на француски и германски јазик. Тој е критикуван за неговата политика кон странците, која е наведена како причина за тешката економска состојба на земјата.

Според анонимниот испраќач, странците во Белгија причинуваат штета за државата од 30 милијарди евра. 

03.12.2013 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега