Хонг Конг: Регистриран е првиот случај на лице заболено со новиот птичји грип Х7H9
Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице заразено со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство Гао Јонгвен.
Тој истакна дека со вирусот е заразена 36-годишна Индонезијка, која работела како домашна помошничка во семејство во Хонг Конг.
Се претпоставува дека таа се заразила на пазарот од соседниот град Шенжен во провинцијата Гуангдонг, во континетална Кина.
Состојбата на женета е критична. Лекарите планираат да ја стават во карантин и да ги испитаат сите лица, кои имале контакт со неа.
Вкупниот број на потврдени случаи на заразени од овој вирус во Кина изнесува 140 лица, а една третина од нив починале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа