Претседателот Иванов во дводневна посета на Австрија

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, од денеска ќе престојува во дводневна посета на  Република Австрија.

Предвиденот е денеска македонскиот претседател да оствари средба со австрискиот претседател Хајнц Фишер, а утре ќе учествува и ќе се обрати на Треттиот Годишен состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка.

На настанот ќе присуствуваат претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон.

03.12.2013 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега