Од четврток низ Македонија температури до 10 степени под нулата
Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла и слаб мраз. Претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а попладне постепено разведрување и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -4°С до 4°С, а максималните дневни температури од 1°С до 10°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all.
Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 0°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 6°С.
Во среда во утринските часови ќе има појава на магла и умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисочен ветер. Утринските температури од -8°С до 1°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 2°С до 10°С.
Во текот на ноќта ќе има појава на магла.
Во четврток во утринските часови ќе има појава на умерен мраз и магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ветерот ќе достигне брзина до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -10°С до -2°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 4°С до 13°С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа