Аудио книги за слепите и слабовидни лица

Минисстерот за труд и социјална политика Диме Спасов и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, потпишаа Меморандум за соработка за зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св.Климент Охридски“.

- Овде сме да го означиме почетокот на проектот за зголемување на фондот на аудио книги  во Одделението за за слепи и слабовидни лици при НУБ „Св.Климент Охридски“. Поаѓајќи од мислата дека во денешно време читењето на книги освен што може да се прави преку сетилата за вид, може да се прави и со сетилата за слух. Дојдовме до идеја дека сите книги можат да бидат бесплатни и достапни во аудио форма, кој што како начин на звучно читење ќе овозможи достапност до литературата за слепите лица и деца со оштетен вид, рече Спасов.

Министерката Канчевска-Милевска истакна дека со овој меморандум ќе се дефинираат обврските и одговорности кои треба да резултираат со зголемување на фондот на аудио книги во оделението за слепи и слабовидни лица при Националната универзитетска библиотека.

- Културните, образовните и информативните потреби на слепите лица се долгорочни побарувања кои треба да се трудиме да ги задоволиме повеќекратно. Владата на Македонија експлицитно ја презентираше својата грижа за лицата со посебни потреби односно за слепите лица со формирањето на библиотечниот центар во рамките на НУБ „Св.Климент Охродски“ кој овозможи доближување до книгата на широк круг на визуелно хендикепираните читатели, рече Канческа-Милевска.

02.12.2013 - 15:21
Фото: 
kurir

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега