Норвешка со поддршка за евроинтеграциите на Македонија

Претседателот на Демократската унија за интеграција  Али Ахмети е во посета на Норвешка. За време на посетата Ахмети оствари средба со генералниот директор на норвешкото Министерство за надворешни работи Елизабет Валас и со политичкиот директор Вегер Стромен и директорот за Западен Балкан Хокон Блокенборг во тоа Министерство, а се разговарало за европската перспектива на Македонија.

- Ахмети ја нагласи значајноста на забрзување на интегративниот процес на земјата и на регионот во НАТО и Европската Унија со цел да се сочува мирот и стабилноста во регионот, како и да се создадат услови за подобра клима за инвестиции, отворање нови работни места и економски развој, се вели во соопштението од Кабинетот на Ахмети.

Норвешките авторитети, како претставници на земја-членка на НАТО и партнер на ЕУ, се додава, изразиле поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, како и на регионот.

02.12.2013 - 15:13
Фото: 
Дневник.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа