Вељановски се сретна со известителот Роберт Валтер

Собранискиот спикер Трајко Вељановски денеска оствари средба со известителот на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, Роберт Вaлтер, на која се дискутирало за актуелните случувања и за напредокот на државата.

- Од страна на Собранието на Република Македонија високо се ценат препораките на Советот на Европа и преку нивното имплементирање, како и преку реформите кои ги прави Република Македонија се придонесува за поголем демократски напредок и економски развој, стои во соопштението.

Претседателот на Собранието истакнал дека интеграцијата во Европската унија и НАТО останува приоритет за Република Македонија, а исто така го информирал својот соговорник  дека очекува буџетот на Република Македонија за 2014 година да биде донесен на седница која ќе биде закажана за средината на декември и при тоа очекува нормален тек на редовното работење на Собранието.

Известителот Валтер и честитал на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа за успешната соработка и придонес во рамки на работата на Парламентарното Собрание и изразил надеж дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина.

02.12.2013 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега