Прв работен ден за нововработените во Драмскиот и Театарот Комедија

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во придружба на директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски ги посети лицата вработени во Драмскиот театар и Театарот Комедија преку владиниот проект за вработување на 1.600 лица од социјално ранливи категории.

- Денеска присуствуваме на првиот работен ден на групата од 11 вработени кои на огласот за социјално загрозени лица беа примени прво  на конкурсот во „Македонски шуми“, но денеска се префрлени и им е првиот работен ден на работното место во Драмскиот театар и во Театарот Комедија. Тоа што го најавивме како заложба на Владата дека овие луѓе ќе бидат прерасподелени во институциите на реални работни места денеска се случува. Тие ќе пополнат важни позиции кои досега биле испразнети во овие две институции, изјави вицепремиерот Пешевски.

Караџоски прецизира дека во „Македонски шуми“ ќе останат само околу 60 од вкупно вработените 1.600 лица.

- За сите останати сме во фаза на потпишување на спогодби за веќе дефинираните и прецизирани работни места, кои ќе се реализраат до крајот на неделава. Денеска стартува на работа поголема група луѓе, а не само овие 11. Многу беа скептици, не веруваа и го критикуваа целиот процес и велеа дека станува збор за реклама, но со ова денеска се покажува дека било реалност, рече Караџоски.

Од своја страна и директорката на Тетарот Комедија, Јелена Жугиќ истакна дека вработувањата во нивниот театар се добродојдени: - Овие работни места ни беа неопходни. Со нив во принцип ќе се пополнат клучните, за публиката невидливи работни места, но за нас значајни. Станува збор за сценски декоратери, тоа се оние луѓе позади сцената кои ја местат сценографијата, обезбедување и одржување на хигиена во објектот, рече Жугиќ.

Нејзиниот колега од Драмскиот театар Роберт Вељаноски посочи дека од 11. нововработени четворица ќе бидат во неговата институција, а останатите во Театарот Комедија.

- Тоа се луѓе кои ќе покријат некои позиции кои заради пензија или смрт на некои од вработените беа испразенти во текот на изминатите години. Новите четворица во Драмски ќе добијат ист третман како и сите останати, рече Вељаноски.

02.12.2013 - 14:07
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега