Сто социјално ранливи лица добија работа во ресорот труд и социјална политика

За 100 лица од социјално ранливи категории денеска е прв работен ден во органите во состав на Министерството за труд и социјална политика. Нововработените ги посети министерот за труд и социјала, Диме Спасов, и им посака успешна работа.

- Ми претставува особено задоволство  што имаме можност во органите во состав на Министерството за труд  и социјална политика да ги примиме овие луѓе на  работа. Верувам дека сега нивната состојба ќе биде многу подобрена, изјави министерот Спасов.

Љупчо Зафировски, еден од вработените кој е самохран родител, изјави дека бил без работа 10 години.

- Се чувствувам реализиран. Со проектот 1.600  ми се променија видиците со  вработувањето. Тоа што го ветува  Владата го исполнува. Се надевам дека ќе одговорам на работните задачи, изјави Зафировски.

Тој негира дека вработувањата се по „партиски клуч“.

02.12.2013 - 14:00
Фото: 
Академик.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега