Радост за студентите -идната година ќе се реконструираат студентските домови

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска изјави дека МОН планира реконструкција на дел од студентските домови во 2014 година.

- Има потреба за реконструкција и ние веќе имаме план за реконструкција во 2014 година, со оглед на стартот на новата буџетска година и нашите обврски како ресорно Миниистерство, изјави ресорниот министер Спиро Ристовски.

Министерот изјави дека се планира и санација на домот Гоце Делчев каде што повторно избувна пожар: - - Станува збор за обид за подметнување на пожар. Благодарение на правовремената реакција на Противпожарната служба, како и на самите студенти и Управата на Студентскиот дом, причинета е незначителна материјална штета. Не се оштетени соби на студенти, туку е  зафатен дел од ходникот. Студентскиот центар набрзо ќе ја санира штетата, рече Ристовски, нарекувајќи ги шпекулација некои медиумски написи кои објавиле дека во пожарот се пеплосани соби.

02.12.2013 - 13:27
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа