Маглата го отежнува возењето - бидете внимателни!

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата  се одвива по влажни и чисти коловози.

Како што пренесуваат од ЈП Македонија Пат, појава на слаба магла со видливост од  50 до 100 метри има кај Крива Паланка, Страцин, Маврово, Стража, Крушево и Плетвар. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

Екипите ги одржуваат патните правци.

02.12.2013 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа