Прв работен ден за социјално загрозените лица кои добија работа

Сите социјално загрозени лица кои добија работа со помош на мерките на Владата, од денеска официјално ги започнуваат работните обврски. Се работи за 1.600 лица од кои осумдесетина се распределени во секторот образование.

 Веса Киранџиќ која е една од социјално загрозените лица кои добија работа, вели дека  е задоволна што била избрана зашто никој не работи во нејзиното четиричлено семејство со две малолетни деца и цели осум години чекала да биде вработена.

- Бев изненадена кога ми се јавија  и дури не ми беше верно, така што побарав уште еднаш да ми се повтори дека јас сум таа, па ми го кажаа и матичниот број. Сега сум тука, прв ден на ова работно место. Благодарна сум и на Владата за проектот, а институцијата денеска ме прифати убаво, рече Киранџиќ.

Министерот за образование и наука, денеска информираше дека  околу 80 лица од проектот за вработување, кои ги презема МОН, денеска се распоредени на содветни работни места.

- Во рамки на МОН со овој проект се распределени осумдесетина лица, кои од денеска се во повеќе институции на МОН. На сите им посакувам успех во животот и работата. Се чувствувам многу убаво зашто решивме  да им помогнеме на луѓе на кои по ниеден основ не им била дадена шанса за вработување, истакна Ристовски.

02.12.2013 - 13:05
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега