Премиерот заедно со Османи и Николовски ќе лета за Прага: Со светските лидери ќе дебатираат за енергетската кризата

Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала на 06.10.2022 година (четврток) во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество е предвидено и на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, информираат од Владата во соопштение до медиумтие.
На првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина.
„Премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса, посветена за енергетика и економија. Дополнително предвидени се и билатерални средби.
За време на посетата на премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Украина Денис Шмихал, ќе присуствува на потпишувањето на договори помеѓу Република Северна Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна. Договорите ќе ги потпишат министерот Николовски и заменик-министерот за економски развој на Украина, Тарас Качка.
 
Премиерот Ковачевски ќе учествува и на Самитот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) каде учествуваат премиери од редовите на социјалдемократски, социјалистички и демократски партии.
Европската политичка заедница е платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството еднаш до двапати годишно.
Домаќин на настаните ќе биде чешката влада, која во јули го презеде ротирачкото претседавање со Советот на Европската Унија“, стои во соопштението на Владата доставено до медиумите.

 

05.10.2022 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега