Македонскиот јазик жртва на дворските игри за превласт во Света Петка

Битка за превласт врз управниот одбор на Црквата Света Петка во Рокдаил, се крие зад скандалот со часовите по македонски јазик во оваа црковна општина во Австралија. Иако судот донесе одлука со која на Владиката г. Петар му е дозволено да служи во црквата и да го именува свештеникот, сепак сеуште со цркованта општина во Рокдаил раководи Управен одбор кој не е по волјаа на Владиката.

Идејата како што велат од македонската цркована заедница во Австралија е да се испровицира негативна реакција на управниот одбор врз свештеникот, за потоа Владиката Петар да покрене нов судски спор со кој ќе докажува дека управниот одбор не ги почитува решенијата на судот. Игор Аврамовски Александров, вели дека од тие причини веројатно ќе бидат прекинати часовите по македонски јазик на лицата кои сакаат да го изучуваат.

- Попречувањето на часовите од страна на попот Митко Митрев е дел од една организирана провокација на Владиката г. Петар со цел народот во Света Петка, или управниот одбор, да го протера повторно свештеникот од Црквата, за на тој начин да може да се врати на суд со нова тужба и со жалба дека управниот одбор ги пречекорил своите ингеренции, вели Александров потенцирајќи дека за жал, актуелната состојва во Света Петка е таква, што со одлука на судот единствено надлежниот Владика може да го смени свештеникот или да го дисциплинира.

- Значи дека ако Владиката г. Петар нема волја да ги спречи тие провокации, а јас мислам дека е очигледно дека нема, затоа што тодолго време се случува, тогаш часовите на македонски јазик, барем во тие простории, до црквата Света Петка ќе мора да се укинат, вели Александров.

За смислена игра, зборува и надележниот Владика, г. Петар, но индиректно ја потврдува тезата дека сепак во позадина на се стои обидот за превласт врз управниот одбор, кој сега го сочинуваат членови кои се противат на работењето на Владиката г. Петар. -Ова е смислено сценарио за да се создаваат проблеми, но и таа работа ќе заврши со денот кога ќе се свика собрание и кога на тоа собрание верниците ќе одлучат за нов одбор или кога конечно ќе заврши времето за нивната жалба, кога ќе донесе конечна одлука највисокиот суд на Австралија, вели г. Петар.

Владиката Петар, потенцира дека Управниот одбор не се придржувал до судските решенија, затоа што се уште не обезбедил просторија за свештеникот со сите потребни работи, како што го налагал судот.

 

 

02.12.2013 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа