Им се јавувала на пензионери и ги лажела дека им починале децата!

Жена од Франција им приредувала вистински хорор на пензионери со својот чуден начин за забава, бидејќи им се јавувала и им велела дека нивните деца починале! 

Се работи за 37-годишна Французинка која се претставувале дека е докторка, откако пронашла именик во една болница, и им се јавувала на пензионери лажејќи ги деца децата им починале. Некои луѓе тогаш оделе во болница за да проверат, а чекале и по неколку часа да им се обрати некој лекар. Така жртвите откриле дека во прашање е тешка измама.

Жената веднаш била однесена на психијатар кој утврдил дека поседува болест на перверзија и незрелост. Сега за она што го направила треба да плати 6.500 евра оштета.

02.12.2013 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа