Протести во Киев - демонстрантите го блокираа собраќајот пред украинската Влада

 

Демонстрантите во Киев денеска го блокираа сообраќајот пред зградата на Владата во Украина.

Како што јави ИТАР-ТАСС на платото пред главниот влез на зградата се паркирани  10-тина автомобили со знамиња на Украина и на Европската унија.

Пред зградата, која ја обезбедува  полициски кордон, се собрани неколку илјади лица.

Учесниците во протестот на сите вработени во владините служби им препорачаа да се вратат во своите домови, откако за денеска прогласија национален штрајк против политиката на власта. Некои од вработените во владините институци биле информирани од своите претпоставени дека „денеска не се работи“.

Киевската градска управа и Синдикалниот дом од вчера се окупирани од демонстранти. Во седиштето на синдикатот е сместен „Штабот на опторот“, создаден од опозицијата, и мал прес-центар. Таму се наоѓаат и дел од опозициските пратеници.

Лидерите на пратеничките групи во Врховната рада денеска треба да ја разгледаат вчерашната иницијатива на претседателот на Шарламентот Володимир Рибак за свикување тркалезна маса со учество на власта и на опозицијата, на која би се расправало за сосотојбата во земјата.

Рибак во изјава за украинската телевизија го критикуваше насилното однесување на  учесниците на демонстраците на киевскиот „Плоштад на независноста“ во ноќта меѓу петокот и саботата

02.12.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега